По свеченото отворање отворање на приватна фотоволтаична електроцентрала во земјава – “ФЕЦ Новаци“ премиерот на Владата и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски имаше неформална средба со партиските другари од Битола.На средбата која беше на Широк Сокак, во кафулето “Пајтон“, присуствуваше претседателот на ОО на СДСМ од Битола – Драган Крајовски, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, директорот на РЕК “Битола“ – Пеце Матевски, советниците…
На средбата која помина во одлична атмосфера престедателот Ковачевски разговараше со партиските другари на различни теми, актуелни за Битола и за Македонија.
Ковачевски ги најави теренските активности кои набрзо следуваат и повика на обединување со цел што побрзо остварување на целите – членство во ЕУ и подобар живот на граѓаните на Македонија.

Кафе средба на премиерот Ковачевски со партиските другари во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- СВР Битола: ноќеска санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол