Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена дрога, 6 санкции за сообраќајни прекршоци

На 28.09.2023 од ул. „28“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст до 36 и 41 година, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена и одземена грутчеста материја. Лицата биле приведени во полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (28.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 61 возачи, меѓу кои 20 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 13 мерки за возење без возачка дозвола, 2 возачи за управување под дејство на алкохол, 6 санкции за непрописно паркирање .Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење…

More from ВестиMore posts in Вести »