Press "Enter" to skip to content

Со доделување награди и специјална златна “Камера 300“ завршува фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола

И вечерва во Битола, на последната фестивалска вечер пред доделување на фестивалските награди за најдобрите кинематографери на сцената во Големата сала на Центарот за култура во Битола ќе биде доделена наградата специјална златна “Камера 300“ за посебен придонес во филмската уметност која годинава му припадна на Шејмус Мекгарви.

На завршувањето на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ ќе биде проекцијата на македонскиот игран филм “Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, проект во кој кинематографер е Душан Кардалевски,

Инаку, доботникот на спецјалната “Камера 300“ Мекгарви кој одржа мастер клас, двапати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија-кинематографија во филмот „Покајание“ и за филмот „Ана Каренина“. Во својата кариера, Мекгарви е потписник на педесеттина филмови, меѓу кои „Педесет нијанси на сивото“, „Годзила“, „Величествениот шоумен“…, а неговиот најнов филм „Вонка“, каде исто така е кинематографер, премиерно ќе биде прикажан оваа година, во декември.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »