Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните живи настапи ви го претставува новиот сингл насловен како “Move It“ од нивниот прв албум “Balkan Mayhem“. Оваа нумера е создадена за време на пандемијата како одговор на сите стеги и забрани со кои се соочуваше човештвото.
Денес, кога конечно слободно излегува пред публиката, нумерата “Move It“ има за цел да ни го продолжи летото и да ни помогне да акумулираме позитивна енергија која ни е потребна за да ги живееме овие луди времиња со насмевка на лицето.
“Move It“ е достапна за слободно преслушување на сите дигитални платформи и може да се купи од сите дигитални музички продавници.
Brass Brothers е македонски музички бенд формиран пред 10 години, составен од професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Јован Мартиновски (Dj) и Ник де Карло (туба). Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот.
Brass Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена, пред се поради специфичната комбинација од брас секција и динамичен звук.
Албумот “Balkan Mayhem“ претставува извонредно креативен спој на македонската и балканската музичка традиција и свежи звуци и модерни елементи. Со овој енергичен албум, “Brass Brothers“ создадоа уникатен звук и испратија моќна порака до својата публика од целиот свет.
Со вториот албум “We Are Energy”, Brass Brothers ќе продолжат да го развиваат својот уникатен стил но ќе донесат и многу нови експериментални креации кои несомнено ќе ја освежат домашната, но и светската музика сцена.