Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска, од ски-клубот Пелистер од Битола, на скијачка академија во Италија по програма на FIS

Млатата скијачка на скијачкиот клуб Пелистер од Битола Ева Милевска, ги продолжува подготовките на снег овој понеделник со скијачка академија во Италија.

Ова е нејзина прва сезона во FIS и е дополнително на програмата во Италија. Во соработка со Скијачка федерација на Македонија, Милевска е номинирана и примена на интензивни 4 седични подготовки во Австрија организирани по програма на FIS.

-Се радувам на тоа што по летната сезона кога постојано тренирав “на суво“ и имав подготовки за наредната скијачка сезона, конечно ќе бидам на снег, тоа што најповеќе го посакувам и многу ми недостигаше. Ќе бидат интензивни подготовки на кои во наредните 4 седмици и ќе бидат база за наредната сезона, ни рече Ева Милевска, пред заминувањето за Италија.

Средината на ноември ги очекуваме и првите деби трки во FIS на Ева Милевска.

More from ВестиMore posts in Вести »