Press "Enter" to skip to content

Пелистер прокнижа три бода во Неготино за второ место на табелата

Вардар Неготино – Пелистер 0:1 (0:0)

Во рамките на 7. коло од Вторара фудбалска лига на Македонија екипата на Пелистер гостуваше во Неготино, каде ја победи екипата на Вардар Неготино со 1:0, полувреме 0:0.

Екипата на Пелистер голот за победа го постигна во 80. минута Симеон Христов.

По седум одиграни кола Пелистер се наоѓа на второто место со 16 бода, два бода помалку од  првопласираната Беса. Кожув дома беше поразен од екипата на Тетекс и му го остапи место на табелата на Пелистер.

Во наредното 8. коло Пелистер е домаќин на екипата на Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »