-Тема која е актуелна денес и може да се сретне со сите медиуми и по социјалните мрежи е врсничкото насилстви, а таа тема била актуелна и пред 10 години, во 2013 година, кога во Битола биле можеби и првите обиди таа да се превентира, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во почетокот на октомври во 2013 година се одржа настан на плоштадот “Магнолија“ на кој се посочи ова девијантно однесување пред се на основците и средношколците во Битола, а по тој повод беше организиран настан – хепенинг, а потоа и марш по Широк Сокак.
На бината на “Магнолија“ во име на Општина Битола, зборуваше Снежана Петровска, тогаш одговорна за образованието во градот, каде ингеренции има Општината.
На овој настан зборуваа и претставници на МВР од Секторот за внатрешни работи од Битола и претставници на Министерството за образование.
-И денес, како и пред 10 години, се организираат разни трибини, советувања, семинари за намалување и искоренување на врсничкото насилство по школите, но бележиме и денес случаи кога сме сведоци на такво однесување, за кое посакуваме сите да го има што помалку во билтените на полицијата и на училиштата, вели Миновски.

Деновиве пред 10 години: настан и марш против врсничкото насилство на “Магнолија“ во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело на Општина Битола за проф. д-р Георги Здравев (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: како во октомври 2015 изгледаше стадионот под Тумбекафе и како беше околу него (фото)
- Деновиве пред 10 години: каков тим имаше Пелистер волеј во 2015 година на турнирските натпревари (фото)
- Деновиве пред 10 години: Битола имаше шампион во мото-крос, Борче Костов -Жолтио највозрасен натпреварувач (фото)
- Деновиве пред 10 години: прв настап на Исмаил Љумановски во Битола, ги воодушеви битолчани (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пораз на Пелистер од МЗТ во Битола, во дерби со многу тензија и чуден судиски критериум (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер лесно до победа над Куманово во Битола
- Игор Трајковски – Фоја добитник на признание од Општина Битола за 4. Ноември: Битола е повеќе од град, таа е чувство, сè почнува и завршува тука
- Даскаловски и Малешевиќ за дербито со МЗТ: имаме силен противник, ќе направиме се да ја израдуваме публиката
- Приведени тројца пијани возачи од Битола, возеле со 1,69, 1,98 и 1,79 промили алкохол во крвта










