Жанета Ристевска
-А морам да ви признаам пепрутките сеуште ги имам, бидејќи ова е само почеток на една приказна која продолжува уште многу години, нема одмор… Тоа едноставно не е во моето ДНК и идентитетот на компанијата.
-Успехот не се случува преку ноќ, тој се поистоветува со огромна посветеност, упорност, конзистентност и истрајност, во добри но и во тешки времиња, лојален тим, етика во работењето, многу многу љубов, страст и верба. Врз овие вредности се изградивме како компанија “М ЕВЕНТ“ и истите остануваат наш цврст темел.
-Иако плановите за одбележување на 10 годишницата беа други, ние овој значаен јубилеј го прославивме работно. И искрено, не ни можев да посакам подобар начин од овој, да работам на прекрасен настан со уште попрекрасни младоженци…
-Зошто Битола да не стане дестинација за свадби на младите од дијаспората?
Затоа мора да си помагаме, со сите чинители кои се вклучени во организрање на свадба, кои се суштински дел од нашиот успех и нашата приказна, искрено зборува нашата соговорничка, Марија Додовска, сопственик на “М ЕВЕНТ“.Низ разговорот со Марија Додовска по повод јубилејот 10 години „М ЕВЕНТ“ интересни теми поврзани со оргазнизирање на настани кои имаат големо значење за оној кој го органзира и со тоа креативноста и оригиналност на идеи секогаш потребни. „М ЕВЕНТ “и Марија Додовска со својот тим веќе 10 години имаат успешна приказна за професионално органзирање настани на креативен и оригиналнен начин, за различен повод. Марија живее во Прага Чешка, но, успешно ги координира обврските од таму. Доаѓа во Битола кога има прилика и потреба, особено во лето. Но, и кога доаѓа на одмор таа го поминува работно бидејќи тоа е период на оргазнирање на настани, особено свадбени.-За мене нема одмор, едноставно тоа не е во мојата ДНК. Најубав одмор е во село Ѓавато, таму летото го поминуваат моите родители заради жешкото време. Кога ќе седнам во дворот под сенка заборавам на се… сите животни тешкотии и проблеми. Таму ми е најубаво…“Кога и како започна приказната “М ЕВЕНТ“ агенција?
-На 1 август 2013 година започна со работа канцеларијата. Како прва агенција, од овој вид во Битола, внимателно го разгледувавме секој детал и секако дека тремата и одговорноста беа присутни, но и ризикот бидејќи немавме ниту на кого да се огледаме нити пак со кого да се споредиме. Затоа кога се сеќавам на почетоците… знам дека кај мене возбуда, трема, пеперутки во стомакот. А морам да ви признаам пепрутките сеуште ги имам. Знам дека на почетокот беше тешко да создадеме нови навики кај луѓето. Но, самата помисла дека ете постои агенција со која имате целосна организација на еден настан, а вие ќе бидете гостин, наиде на огромно задоволство. Идејата за агенција која ќе ја превземе одговорноста да го организира настанот на интересен, оригинален и крестивен начин, беше поздравена и со воодушевување прифатена кај клиентите. Тие со целосна доверба ни го припуштаа дури и најмалиот детал во поглед на организација, украсување , контрола на квалитет…. Сега од оваа перспектива после 10 години велам го скршив мразот, ха-ха-ха, но така е верувајте, можеби звучи нескромно но горда сум на тоа.
Како гледате на овие 10 години работа на “М ЕВЕНТ“. Кажете ги вашите искуства во овој сектор на работа ?
-Во изминатите десет години М ЕВЕНТ растеше и се развиваше. Бидејќи конкуренцијата е голема знаеме дека мора постојано да се подобруваме со цел да го задржеме нивото на квалитет, за да реагираме флексибилно и да се прилагодуваме кон новите трендови и потребите на нашите клиенти, да ги прошируваме професионалните мрежи и зацврстуваме постојаните. Наша цел е задоволни клиенти, да продолжеме да напредуваме и да одржуваме услуги со врвен квалитет. Привилегија е да се работи со клиенти кои ги одбележуваат најзначајните и најсреќните денови од своите животи со тоа дозволувајќи ни нас да бидеме дел од сето тоа. Страста која нималку не избледи во сите овие 10 години ја прави мојата работа посебна. Верувам дека постои магија во креирањето на настани, а доколку го правите тоа со посбна љубов тогаш успехот е загарантиран. Јубилеј 10 години М ЕВЕНТ … Годишниците се секогаш добар повод да се потсетиме на почетоците и можност да согледаме до каде сме стигнале. Успехот не се случува преку ноќ, тој се поистоветува со огромна посветеност, упорност, конзистентност и истрајност, во добри но и во тешки времиња, лојален тим, етика во работењето, многу многу љубов, страст и верба. Врз овие вредности се изградивме и истите остануваат наш цврст темел. 10 години М ЕВЕНТ не потсетува дека нашата работа е важна но и дека сме на вистинскиот пат. 10 години. Ова е само почеток на една приказна која ќе продолжи да биде присутна уште многу години, нема одмор, тоа едноставно не е во моето ДНК и идентитетот на компанијата.
Јубилејот, на 1 август, го прославивте на најдобар начин со органзирање на голема свадбена веселба, за која се грижевте до најмал детал… Кажете повеќе…
-Иако плановите за одбележување на 10 годишницата беа други, ние овој значаен јубилеј го прославивме работно. И искрено, не ни можев да посакам подобар начин од овој, да работам на прекрасен настан со уште попрекрасни младоженци. Александар и Фани од Шведска. Нивната свадба ја одлагавме неколку години поради пандемијата, па потоа и со мерките за ограничување на прослави. Постојаните контакти и меѓусебната доверба која ја изградивме ни овозможија заедно да креираме настан за паметење и спомени за цел живот. Со мини прослава која претходеше ден пред свадбата видливо возбудените Александар и Фани се покажаа како вистински домаќини на гостите од странство, врвна македонска храна и услуга подготвена во ресторан “Империјал Гарден“ и звуците на “Боемите“ беше убава увертира кон она што следеше наредниот ден. Самиот ден на свадбата започна со сите адети на македонската традиција, па следеше вечавка во црквата “Св. Димитрија“ за на крај да заврши со спектакуларна веселба во ресторан “Гламур Гарден“ од која ви споделуваме неколку фотографии. Покрај раскошните декорации смислени до најмал детал кои го оплеменија просторот и дадоа печат на целокупната атмосфера, одговорни лица за забавата, впрочем, вистински достојни претставници на македонската музика и традиција беа група “Фонтана“ и Џамбо со оркестар “Агушеви.
Ве знаат како одговорна личност, фер плеј играч во сите професионални, но и пријателски односи. За одговорност во професионални односи ќе кажете…
-Знаете, на крајот од денот, покрај сите професионални обврски, постои една друга одговорност која ја носиме во себе, и треба да ја носиме и да не ја забораваме, а тоа е одговорноста како битолчани и како ние го преставуваме нашиот град. И не случајно ги споменав погоре сите засегнати лица во самиот процес на подготовка и организирање, без исклучок, со сите соработката беше беспрекорна, и сите максимално се вложија овој ден да биде совршен за младоженците. Им благодарам од срце. Она што сакам да потенцирам е дека тука не треба да постои ривалство или конкуренција, јас тоа долго време се обидувам да го поттикнам како тема и да го разговарам со колегите и претставниците од угостителската дејност. Сметам дека ако има разбирање и правилен пристап кон работата квалитетот ќе биде на друго ниво. Па зошто да не биде Битола дестинација за свадби на младите од дијаспората. Затоа мора да си помагаме, а сите имаме иста цел, задоволни клиенти кои се суштински дел од нашиот успех и нашата приказна. И благодарност до вас, драги мои Bitolanews, навистина сум среќна на нашата соработка уште од самите почетоци, среќна за привилегијата да ја уживам вашата доверба и горда што со вашата визија постојано поместувате граници и не потсетувате дека упорната работа и професионализам се суштински фактори за одржување на квалитет. Да учиме еден од друг, мора да има разговор и разбирање со цел да бидеме добри професионалци, добри луѓе, добри битолчани. Тоа си го должиме самите на себе.Живеете во Прага, колку е тешко да се координира работата околу организацијата на настани?
-Животниот пат ме однесе во Чешка, но често сум на релација Битола- Прага. Летниот период е по активен со настани и свечености па сум повеќе во Битола, а работните обврски во Прага се трудам да ги координирам онлајн. Кога зборувам за моите обврски кон “М Евент“ тука не можам а да не го споменам мојот „dream team“ незаменливи Габи и Ивона, кои што се достојна замена во периодот кога физички не сум присутна во Битола, благодарна за нивната решеност и храброст да го следат мојот сон, на моите соработници кои во услови на големи предизвици секојдневно покажуваат професионалност, висока бизнис етика и беспрекорен однос, Мирјана Соколовска, Силви “КС графика“, Наташа. Соработката со колегите ми е особено драга, бидејки со нив најдобро се разбираме на тема евент индустрија, разменуваме мислења, искуства.
Идни планови
-После летните обврски и времето поминато со моите најблиски, обврските продолжуваат во Прага, Чешка каде што веќе трета година по ред го изработувам Божиќниот изглед, дизајн, просторно планирање и декорација на неколку трговски центри, во договор со “HOMEART“, водечка компанија на светски познати производители во областа на дом, додатоци на дом, хотели и ресторани.“М Евент“ агенцијата нудат атрактивни и доверливи рашениа, со што специјалниот настан добива посебно, потребно внимание, автентичност и оригиналност на идеите. Секој настан е приказна за себе, креаиран во автентичен стил на “М Евент“ агенција. Се разбира Марија Додовска со својот тим заслужни за тоа. Многу повеќе од зборови се фотографиите од настаните кои ги организирале.
Фотографии: Дамијана Ристевска