Press "Enter" to skip to content

“Жан Митрев Дијагностик“ за Светскиот ден на срцето со бесплатните кардио прегледи и посета на ученици

“Жан Митрев Дијагностик“ како општествено одговорна компанија традиционално и оваа година дава свој придонес кон одбележувањето на светскиот ден на срцето 29 септември.

-Прегледите се состоеа од проверка на притисок , ЕКГ , ЕХО на срце и секако им беа дадени совети во насока на превенција и здрав живот.  Преку овие активности се трудиме да ја зголемиме свеста кај широката популација и да промовираме превентивни мерки за намалување на бројката на срцеви заболувања и мозочни удари во земјата. Исто така, Светскиот ден на срцето го одбележавме во одлична едукативна атмосфера, велат од “Жан Митрев Дијагностик“

Покрај бесплатните кардио прегледи, нашиот дијагностички центар го посетија и учениците од 3-1 одделение од ООУ „Коле Канински“ – Битола, предводени од наставничката Марина Станковска. Заедно со д-р Милан Марковски учениците имаа можност одблиску да jа запознаат нашата дејност и да научат многу нови работи за важноста и значењето на кардиоваскуларното здравје.

-Како тим секогаш веруваме во моќта на знаењето и ни претставува огромна чест што токму овој ден можевме да го поминеме заедно со најмладите од нашата заедница, истакнуваат од “Жан Митрев Дијагностик“.