Press "Enter" to skip to content

Прв академски час на УКЛО Битола, започна новата академска 2023/2024 година (фотогалерија)

Денеска на УКЛО Битола започна новата академска 2023/2024 година. На единиците  во состав на Универзитетот се одржаа првите академски часови, бруцишите ги добија индексите, се запознаа со професорите и со новите колеги.Централната свеченост се одржа на ФИКТ. Студентите, професорите меѓу кои и претседателопт на Сенатот на УКЛО, проф. д-р Николче Јанкуловски, гостите градоначалници на Битола и Новаци, Тони Коњановски и Стевче Стевановски, претставниците од ИТ компаниите со кои ФИКТ има воспоставено соработка, ги поздрави ректорот на УКЛО, проф. др. Игор Неделковски, кој посакувајќи им добредојде, кажа дека УКЛО е првиот и засега единствен европски македонски универзитет: УКЛО од 1 јануари 2024 г. е дел од Европската универзитетска алијанса COLOURS,  заедно со уште осум универзитети, со кои ќе се спорделуваат и предмети и настава. Според ректорот, тоа претставува исклучителна поволност што ќе ги намалува бариерите за едукација за сите чинители низ регионите на Европа.Тој посочи дека УКЛО ги задржува традицијата и квалитетот и им порача да ги искористат сите предности од едукацијата за да стекнат фундаментални знаења со кои потоа им се отворени сите врати во Македонија и во светот.-Не само да учите, туку и да уживате во универзитетските денови. Нашиот Универзитет организира многу активности меѓу кои бројно спортско – рекреативни активности со коишто се збогатува студентското живеење. Нечекајте никој да ве повика и да ве води.  Следете, следете се што се случува на Универзитетот и доаѓајте, вклучувајте се! Екстра наставните активности  се исто толку битни колку и вашето знаење. Другарствата што ќе ги стекнете, искуствата од тие социјални активности се исто толку битни колку и оценките. Бидете активни, учествувајте, ние сме тука заради вас! Нашата мисија – е она што го знаеме да ви го пренесеме вам. Овие четири години ќе ви го профилираат животот, овие четири години се ништо во споредба со она што следува. Искористете ги! – им порача ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски.  На првиот академски час на ФИКТ присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњаносвки, кој ја истакна одличната соработка со УКЛО. Тој се осврна кон напорите кои Општина Битола и УКЛО взаемно ги обезбедуваат за подобри услови за студентите и нивно вклучување во општествениот живот. Посакувајќи им успешно образование, градоначалникот Коњановски  им посочи на студентите дека  ова е еден од најубавите периоди во животот, во кој младите се надградуваат во своето образование, истовремено надоградувајќи го личниот и културниот живот интегритет и интелектуалниот и моралниот капацитет.Деканот на ФИКТ, Благој Ристевски поздравувајќи ги 160 -те  бруцоши кои зачекоруваат во нова, академска средина, изрази задоволство дека се најбројната генерација  студенти во десетгодишното постоење на Факултетот и им посака успешно неколкугодишно патување на кое ќе се стекнуваат со знаења, искуства, иновации, експертиза и извонредност кои понатаму ќе ги надградуваат.-Горд сум на вас и на сите вработени на нашиот Факултет, што оваа година, 10-тата генерација на студенти кои се запишаа на ФИКТ од неговото формирање, да е најбројна споредено со претходните 6 години, а во исто време, бројот на запишани студенти во прва година на прв циклус студии на ФИКТ, да е најголем споредено со останатите факултети и единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Но оваа бројка не обврзува сите нас професорите на ФИКТ да ви обезбедиме квалитетна настава и вежби, а во исто време сакам да ја изразам нашата благодарност за вашата доверба да се запишете на ФИКТ.Градоначалникот Тони Коњановски на студентите им посака успешно студентско образование, посочувајќи дека ова е еден од најубавите периоди во животот, во кој младите се надградуваат во своето образование, истовремено надоградувајќи го личниот и културниот интегритет и интелектуалниот и моралниот капацитет.Инаку ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, присуствуваше и на првиот академски час на Педагошкиот факултет – Битола. Тој ги поздрави и бруцошите на  свечениот час организиран за јубилејната, 15-та генерација студенти на Ветеринарниот факултет – Битола.Новата академска 2023/2024 година со свечен академски час е одбележана на сите единици во состав на УКЛО со доделување на индексите и со желби за успешна едукација.

More from ВестиMore posts in Вести »