Press "Enter" to skip to content

Пливачите на Олимпик од Битола учествуваа намеѓународниот пливачки митинг “Орион Куп мини“ во Скопје

И ако без затворен базен, битолчани учествуваат на различни натпревари во текот на годината постигнувајќи одлични резултати и награди на кои треба да се гордееме. Пливачите на пливачкиот клуб Олимпик од Битола речиси на сите свои учества овде во Македонија и на меѓународен план се враќаат со по некој медал во Битола.Најновиот успех предводени од тренерот Кире Марков, тие го постигнаа на меѓународниот пливачки митинг “Орион Куп мини” Скопје на кој учество земаа вкупно 340 пливачи од 27 клуба од различни земји.И ако во толку голема конкуренција, на меѓународниот митинг Лора Крстеска освои 2 бронзени медали. Таа пливаше на 3 дисциплини од кои на 50 м градно и 100 м градно освои 2 бронзени медалји, а на 200 м слободно го зема 4. место. Ова не е нејзин прв успех, плива 10 години и постојано реди успеси и на маратони на кратки патеки.

Исто така, за прв пат учествуваа и Мила Петровски и Кристина Петровски кои успешно ги испливаа дисциплините на кои учествуваа.

More from ВестиMore posts in Вести »