Press "Enter" to skip to content

Прв академски час и на Меѓународен Славјански универзитет во Битола за студентите од сите факултети (фотогалерија)

Познатиот Малколм Екс кажал: “образованието е пасош за иднината бидејќи утрото им припаѓа на оние кои од денес се подготвуваат за него“, а вие со вашиот избор за образование веќе го поседувате пасошот за иднината, со овие зборови на водителот Марјан Георгиевски започна првиот академски час за студентите на сите факултети на Меѓународен Славјански универзитет во Битола, со што свечено се отвори новата академска година.На овој ден, до вчера средношколци, влегоа во високо-образовната средина, на на Меѓународен Славјански универзитет во Битола кој е основан во 2004 година во Свети Никола, а во 2006 во Битола, со еминентен наставен кадар ориентиран кон студентите.Во име на основачот на на Меѓународен Славјански универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев студентите ги поздравија и им посака успешно студенстско образование проф. д-р Јагода Митревска – раководите за настава на на Меѓународен Славјански универзитет и им го додели индексите на студентите на економија.-Ова е важен час во вашите животи, вашето присуств денес овде е резултат на вашата предаденост и посветен труд сите минати години од вашето надоградување. Го правите првиот чекор кон остварување на вашите цели и амбиции кон изборот на вашата професија. Факултетот не е само место каде што ќе д0биете знаење и диплома. Студирањето е начин на живот, овде имате прилика да го истражите и да го надоградите вашиот потенцијал, рече проф. д-р Јагода Митревска.На студентите им се обратија и проф. д-р Цветанка Митревска од  факултетот за безбедносно инженерство, проф. д-р Анита Ристеска – декан на факултетот за псохологија, проф. д-р Марија Гроздановска – продекан на Правниот факултет и проф. д-р Мимоза А. Јанкуловска – продекан од факултетот за информатика, кои и им ги врачија индексите на нивните студенти и им посакаа успешно школување.

More from ВестиMore posts in Вести »