Соноќа на голамата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар Битола започна 32. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.На првата фестивалска вечер, пред љубителите на класичната музика зборуваше уметничкиот директор на “Интерфест“, Милица Шперовиќ Рибарски, која ја претстави програмата на годинашното издание.-Ме радува податокот дека во оваа преполна сала во Народниот театар има публика која е со нас од почетокот на “Интефест“, односно 32 година од нашите почетоци во Битола. А, тука ќе ја споменам и Невена Груевска, претседател на МНД Битола која е со нас од првото издание. Кога станува збор за програмата ќе кажам дека на концертите ќе настапат врвни уметници кои ни доаѓаат од осум земји во Македонија. Покрај тематските концерти ќе има и изложба на битолски и македонски уметници. Ќе го нагласам концертот на класична музика и македонска музика на кинезот Окотецу кој навлесе во македонската музика и македонските чувства со Камерниот оркестар на Битола на 11 октомври.Годинашниот “Интерфест“ за отворен го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:-Прво сакам да им посакам добровечер на сите љубители на класичната музика, драги битолчани, вечерва во Битола. Одушевувачкото поврзување на убавината и уметноста вечерва на фестивалот “Интерфест“ по 32. пат во Битола се случува благодарение на брачниот пар Милица и Кирил Рибарски кои го негуваат овој фестивал на класична музика каде уметничкиот израз кој допира до секој посетител, слушател. Со посебна грижа за традицијата и промоција на културните вредности, како локалната самоуправа и годинава континуирано дава поддршка на фестивалот низ годините кои ги надминал сите предизвици и останал доследен промотор на Битола во светски рамки. Завршувајќи го фестивалот “Браќа Манаки“ преку “Интерфест“ во следните 11 дека продолжуваме со гостувањето на уметниците од Шпанија, Португалија, Австрија… кои преку своите изведби повторно ќе ги исполнат салите годинава, а ќе бидат наградени со голем аплауз. Успешната приказна на магичниот звук може да започне.Синоќа по официјалниот дел, односно свеченото отворање на “Интерфест“ беше изведена операта “Рита“ на Гаетано Доницени, во изведба на Националната установа “Опера и балет“, под диригентство на Иван Еминовиќ. “Рита“ е комична опера во еден чин, а дејството се случува во Бергамо, Италија. Инаку на “Интерфест“ ќе се одржува до 12 октомври, покрај во Народниот театар ќе има концерти и во Центарот за култура, Завод и Музеј и Офицерски дом, а ќе има ликовната изложба и поетската вечер.
Започна 32. издание на “Интерфест“ во Битола со изведби на операта “Рита“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска