На спортското игралиште на СОУ „Таки Даскало“ во Битола се одржа фитнес настан “Битола вежба“ во организација на “Енерџи аеробик клуб“ од Битола.
Целта на настанот беше да се отворат вратите за јавноста и да им се приближат дел од формите на масовен спорт, спорт за сите, да се утврди сопствениот фитнес на присутните а воедно и да се поттикне јавноста, посебно женската популација, на активен животен стил, а беше од јавен карактер и поддржан од Општина Битола.
Концептот на настанот беше одличен спој на забава и фитнес преку програмите аеробик, зумба и тотал боди.
Покрај м-р Христина Ристевска, претседател на здружението и аеробик инструктор со дваесет годишно искуство, промотори на настанот беа и Елизабета Стојаноска од Прилеп, лиценцирана зумба инструкторка која е и меѓународен презентер, како и м-р Кате Бујароска – Анѓелеска од Охрид, инструктор чија специјалност се функционалните фитнес програми.
На настанот доминантна беше женската популација, а среќата од настанот беше видна на лицата на вежбачките.
Инструкторката Христина ни порача дека за општината се потребни повеќе настани кои ќе го промовираат масовниот спорт и дека ќе продолжи да го промовира активниот животен стил во заедницата.

“Битола вежба“, фитнес, во организација на “Енерџи аеробик клуб“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Триото „Интерарт“ од Битола со концерт во Македонскиот КИЦ во Загреб
- Денот на државноста на Хрватска одбележан во Битола (фотогалерија)
- Виктор Трчков освои бронзен медал на Балканското џудо првенство за деца во Битола (фото)
- Половина век спомени: Генерацијата 1975/76 од гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола одбележа 50 години од матурата (фото)
- Дновиве пред 10 години: “Крани“ во 2016 кога со него стопанисуваше “Капри“ од Битола (фотогалерии)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Во Новаци започна 14. еморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“
- Во Битола свечено отворено Балканското првенство во џудо до 14 години (фотогалерија)
- Даниело Божиновски од Битола нов претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија
- Диего Басанесе хрватски младински репрезентативец нов член на Еурофарм Пелистер
- Битола денес и утре центар на балканското џудо










