Press "Enter" to skip to content

Изборно собрание на ЛДП Битола, Димитар Кузмановски нов претседател (фотогалерија)

-За генерален секретар е избран Борче Груевски, а за потпретседатели Анита Кузевска и Целе Јолевски.Вечерва во кино “Манаки“ во Битола се одржа изборно Собрание на ЛДП Битола, на кое за нов претседател е избран Димитар Кузмановски, долгогодишен член на битолскиот огранок кој извршувал голем број на партиски функции.Собранието на кое учествуваа повеќе од 150 делегати присуствуваше и претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, Валентин Груевски – директор на Македонски шуми, како и други гости, го отвори досегашаниот престедател Горан Пизна, кој даде и краток отчет за работењето во својот мандат.-Им благодарам на сите кои ми дадоа доверба да ја водам општинската организација на ЛДП во Битола и се надевам дека тоа добро го работев. Поминавме локални избори на кои можеме да констатираме дека немаме моментално советник во Советот на општина Битола од ЛДП, а имаме од коалициониот партнер. Се надевам дека во наредниот политички циклус тоа ќе биде надминато и дека ЛДП ќе биде трета политичка опција во Битола. Им се извинувам на сите кои поради тоа што не сум редовно во Битола не им одговорив на нивните барања и на некој начин ги изневерив. Но, сум горд поради тоа што сите кои беа именувани на раководни позиции одлично менаџираат и ја претставуваат ЛДП во најдобро светло, рече Пинза.Потоа беа избрани ракодните тела на партијата кои ќе ја раководат во наредниот период, а потоа на првата седница на новиот Извршниот одбор, на кој присуствуваа и сите делегати на Собранието едногласно за претседател го избра единстениот кандидат за претседател, Димитар Кузмановски.Кузмановски по изборот за претседател им се обрати на сите делегати и рече:-Благодарам и на изборот и довербата која ја добивам вечерва, доверба која се надевам ќе ја оправдам, должност која ќе извршувам честно, отчентно и траспаретно бидејки ние во нашата партија само така знаеме и умееме. Во изминатите две години имавме самостоен настап на локалните избори, избори каде ЛДП Битола за совет освои 2.430 гласови а за градоналачник 3.350 гласови, во ислкучително позитивна кампања базирана на реално остварливи проекти за битолчани, но резултатот не беше како ние што посакувавме, и за плановите додаде:Пред нас е една исклучителна битка за просперитет и на Државата, на градот Битола и ЛДП како партија во периодот што престои. Оваа пролет не очекува два избони циклуси, а со тоа и нашиот ангажман ќе треба да е на високо ниво со речиси секојдневни активности како медумски така и теренски. Секој од нас ќе биде ангажиран со задачи и цели кој ќе треба да се извршува и сето тоа да го насочиме за да се вратиме таму каде што припагаме, а тоа е трета поличката партија во Битола. Ќе ги маркираме проблмети во Битола и ќе нудиме решенија  преку нашиот советник од коалицијата. Веќе е разговарано со повеке млади лица да ни си приклучат и уште во првите месеци од мојот мандат ке го реорганизираме нашиот помладок. Ќе земеме и учество во креирањето на програмата со која ќе настапиме на престојните избори. Во наредните десетина денови ќе добиеме уште две раководни позиции како централна власт во Битола нешто што требаше да го имаме уште пред повеќе од една година, за допонителен ветер во грб и мотивација за сите нас. Ве уверувам дека Општинскиот одбор и јас како претседател транспатрно и отчетно навремено ќе ги доставуваме сите информации поврзани со места кои кои ни припаѓаат. Никој нема да биде изоставен и заборевен како што и во минатото тоа го правевме, но нема да дозволиме да членови од ЛДП влегуваат во самата партија само со каклулаторот во џеп. За секој ќе бидат вратите отворени во секое време, секоја сугестија и укажување ќе не прави и посилни и поцврсти.На присутните делагати им се обрати и претседателата на ЛДП, Моника Мојсова.Инаку, Кузмановски е член на ЛДП од 17 годишна возраст, од 23 јаунар 2006 година, како  член на Лидем, а бил и подпреседател и преседател на Лидем, потоа кадидат за советник, кадидат за пратеник во 5. изборна единица, три последователни мандати бил секретар на ЛДП Битола, шеф на изборен штаб во последните четири изборни циклуси па се до преседалската позија која му е доверена оваа вечер.

More from ВестиMore posts in Вести »