Поради здравствени проблеми Марјан Илиевски се повлече од тренерската позиција во кошаркарскиот клуб Пелистер, а како ни рече тоа го прави од здравствени причини, но Илиевски останува во клубот.
Под водство на Илиевски, Пелистер двапати играше финале на плеј-офот, а еднаш заврши и на првото место во регуларниот тек на шампионатот. Минатата сезона во АБА2 лигата битолчани се пласираа во плеј-офот, каде во првото коло загубија од словенечки Хелиос.
За нов тренер е назначен Дарко Радуловиќ, кој ќе дебитира в сабота, на натпреварот против Работнички во Битола, идната седница ќе го води на првиот балон од АБА 2.
Инаку, Радуловиќ е поранешен тренер на МЗТ Скопје и Вардар, а последен ангажман му беше во унгарскиот клуб Нирегизаха.