Press "Enter" to skip to content

Синоќа изложба и концерт на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)

На вториот ден на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ во Битола во свечената сала на Офицерски дом во Битола се отвори изложба, а потоа се одржа и концерт.Изложбата на слики е на Драган Анџелковиќ и Слободан Вигневиќ, а на оторањето за неа зборуваше Владо Ѓоревски.Потоа се одржа и рецитал, концерт, на пијано во изведба на Мануел Тевар од Шпанија.За рециталот на кој беа изведени дела од  Бах, Шуберт, Албенис и Тевар, зборуваше уметничкиот директор на “Интерфест“, Милица Шперовиќ – Рибарски.Денес на програмата на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ е концерт на дуо хармоники, а битолчани ќе ги слушаат и гледаат Ана Коловска и Александар Коловски.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »