Press "Enter" to skip to content

Од утре времен режим на сообраќај на патот за Пелистер

Општина Битола, ги известува граѓаните, дека од утре 06.10.2023, започнуваат активностите од следната фаза за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од 522 метри, во вкупна вредност од 4.416.470 денари.

По завршувањето на оваа фаза ќе следува реконструкција на дел од локален пат до село Магарево во должина од 537 метри и вкупна вредност од 7.763.996,44 денари.

Се известуваат граѓаните, дека во периодот додека траат работните активности, сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

More from ВестиMore posts in Вести »