Денес, четврток, 5 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со значителна облачност. Попладне можност за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 25 степени.
Утре, петок, 6 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 23 степени.






