Press "Enter" to skip to content

Јованка Смилевска, битолчанка, наставник во Македонската двојазична програма во “Lalor North primaru school“ во Мелбурн, Австралија (фото)

Жанета Ристевска

-Најглавната движечка сила за одржување на јазикот во земјите во коишто живееме е Македонската заедница и затоа би сакала да испратам порака до сите родители, баби и дедовци и да им се обратам со дел од прогласот на Здружението на наставници по македонски јазик во светот:

Ве молиме, запишувајте ги децата да го учат македонскиот јазик во училиштата каде што живеете.  Запомнете дека јазикот е првиот и фундаменталниот белег, пред заедничката територија, религија, историја и други елементи, кои го чинат идентитетот на еден народ. Само така вашите деца ќе научат да се вреднуваат себе си, својата култура, традиции и идентитет. Само така ќе го заштитиме и сочуваме она што за нас е „единствената татковина – јазикот“.Силна порака од г-ѓа Јованка Смилевска претседател на македонското учителско друштво на Викторија, Австралија, магистер за образование на современи јазици, наставник во македонската двојазична програма во ОУ “Лајлор Норт“ (“Lalor North Primary school“) во Мелбурн Австралија. https://www.lalornorthps.vic.edu.au/Јованка Смилевска живее 29 години во Мелбурн Австралија и 23 години работи како наставник во македонската двојазична програма во ОУ “Лајлор Норт“ во Мелбурн Австралија. Нејзиното доаѓање на одмор во Македонија го искористивме за да го направивме разговорот со неа.Вие сте наставник во билингвалното училиште Лајлор Норт во Мелбурн Австралија и сте една од многуте  одлични наставнички заслужни за изучување и негување на македонскиот јазик надвор од Македонија.  Кажете ни од кога пoстои  училиштето?  Кажете ни нешто повеќе за тоа.

-Македонската двојазична програма во основното училиште “Лајлор Норт“ во Мелбурн започнала во 1984 година и е една од најстарите континуирано оперативни двојазични програми во Викторија. Таа е призната и на национално и на меѓународно ниво за одличните студентски резултати и на англиски и на македонски јазик. Програмата има огромна поддршка од нашата локална заедница. Во моментов во програмата учат повеќе од 100 ученици. Долгогодишен координатор на програмата е наставничката Мирјана Андовска, а исто така во програмата покрај мене предаваат и Елизабета Кантаровски (македонски) и Елизабет Георгиевски, Елена Гарсија и Масија Мион (англиски) и две асистентки Елизабета Поповска и Виолета Робевска.Објаснете ни повеќе како работи двојазичната наставна програма во основното училиште Лајлор Норт?

-Секое одделение во Македонската двојазична програма има по двајца наставници, едниот ја изведува наставата по англиски, а другиот по македонски. И двајцата наставници соработуваат за да ги опфатат сите области од Викториската наставна програма. Со тоа што учениците секојдневно ја следат наставата на англиски и македонски јазик, имаат можност да го научат и јазикот. Во зависност од тоа кое одделение се, учениците поминуваат од 9 до 12,5 часа неделно за да изучуваат различни делови од наставната програма, пр: математика на македонски јазик. Овие часови ги одржува наставник кој зборува македонски јазик.Часовите по македонски јазик (зборување, слушање, читање и пишување) се усогласени со Викториската наставна програма.

-Македонската двојазична програма има многу наставни материјали по македонски јазик, пр: големи книги, комплети книги за групно читање, книги со примери на различни видови на текстови, постери, дигитални ресурси итн.Македонската двојазична програма им нуди на учениците поголеми можности за подобро да ги разберат австралиската и македонската култура.  Дали ја промовирате македонската култура и јазик преку други културни настани

-Секако дека децата се поттикнуваат да ја ценат и почитуваат секоја култура преку различни мултикултурни активности/ настани. Исто така нашите студенти учат за македонската култура и традиции преку низа активности и настани кои вклучуваат: Одбележување на Велигден со бојадисување и кршење јајца. Активности за готвење поврзани со традиционалните денови. Препознавање значајни национални денови; Свети Кирил и Методиј, Илинден, Ден на македонската независност итн. Секоја година нашите ученици учествуваат на годишни концерти за одбележување на Денот на независноста на Македонија, кој се совпаѓа со Меѓународниот ден на писменоста. Студентите имаат можност да настапуваат на двата јазика, прикажувајќи го своето учење преку пеење, танцување, рецитирање или драма.Под мотото: “Учи македонски – Мајчиниот јазик е нашето богатство“ учителите од цел свет се обединија за да го промовираат изучувањето на македонскиот јазик.

-Македонското учителско друштво на Викторија беше иницијатор за формирање на професионалната мрежа/ нетворк помеѓу учителите по македонски јазик од цел свет. Ова е веќе втора година како учители/наставници од: Австралија, Хрватска, Швајцарија, Германија, Малта, САД, Франција, Шведска, Словенија и Србија заеднички соработуваат за да го промовираат изучувањето на македонскиот јазик. Како што започнавме така и нашата соговорничка заврши со зборови на проф. д-р Елка Јанчева – Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте П. Мисирков“ објавено во „Нова Македонија“.Мајчиниот јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење на долгата историска оска. На мојот мајчин јазик дома му е куса љубовта од младите Македонци. На мојот мјчин јазик му станува кус бројот на неговите говорители. На мојот мајчин јазик му е куса грижата за него од државата.Само едни нешта не му се куси: Неговата уникатност на која се испишани страници и страници литература, неговата глаголивост на која се раскажани усно илјадници приказни, неговата милозвучност на која се испеани најубавите народни песни на Балканот…па затоа и ќе живее долго… толку долго колку што ќе живее и последниот човек што зборува МАКЕДОНСКИ“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »