Press "Enter" to skip to content

Дарко Радуловиќ започна со работата во Пелистер, среќен сум поради одличната хемија во тимот (фото)

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола синоќа ги започна тренинзите со новиот тренер, Дарко Радуловиќ, кој доаѓа на местото на Марјан Илиевски, кој останува во Битола и сега ќе има нова функција во клупската управа. Илиевски го претстави Радуловиќ и присуствуваше на тренингот. Новиот тренер го одржа првиот собир, ги свика кошаркарите и го продолжи тренажниот процес со “пелистерци“. Радуловиќ ги сподели првите импресии од Битола, за екипата и очекувањата.

-Мило ми е што сум во клуб кој расте во претходните години. Екипата на Пелистер е добро склопена и селектирана, со тоа што ќе видиме дали во следниот период треба да се прават ситни промени. Базата на македонски играчи ми се допаѓа, момците имаат одлична хемија и соработка, а тоа ме прави среќен.  Никој не може да го бира распоредот, нам ни следува дуел со Работнички па стартот на АБА-2 и два меча со МЗТ Скопје. Пелистер работеше квалитетно со Илиевски, ги пореметија само повредите, па ќе треба воигрување и во од, а за очекувањата во Битола додаде:-Првите очекувања мои се, да видам фокусирана игра во одбрана, а другото ќе дојде. За овој тим на Пелистер, уште пред еден месец во разговор со еден од играчите, му кажав дека е еден од кандидатите за титулата и стојам позади тоа.  Сакам кошарката да стане барем втор спорт во Битола, да биде посетена нешто слично како ракометот. Барам да имаат верба во нас, да ни дадат малку време, а ние ќе им оставиме добар впечаток, ни изјави Радуловиќ.

Пелистер веќе в сабота игра дома против Работнички, потоа следат два натпревари од АБА-2 лигата во Суботица, против Шенчур и МЗТ Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »