Press "Enter" to skip to content

Кугларките од Битола се пласираа на 12. место на “NBC Куп“ во Хрватска (фото)

-Најдобра Стефанија Алексовска, од Пелистер Пин од Битола со срушени 594 дрва што воедно е и нејзин личен рекорд, но и четврт најдобар резултат на “NBC Куп“.

Деновиве во Славонски Брод, Хрватска, се одржа XXI “NBC Куп“ во организација на Светската кугларска федерација WNBA NBC, а тоа е клупско натпреварување во куглање. Вкупно учестуваа 17 екипи во женска категорија и 25 екипи во машка категорија од вкупно 12 земји од Европа.Кугларките на кугларскиот клуб Пелистер Пин од Битола за прв пат учествуваат на едно вакво големо натпреварување. Се работи за екипа составена од млади локални кугларки кои во изминатиот период вредно работаат под тренерско водство на Игор Михајловски, кој по враќањето во Битола ни рече:-Во силна конкуренција на тешката куглана во Славонски Брод, битолските кугларки екипно успеаа да соборат вкупно 3.130 дрва што беше доволно за освојување на 12. место во квалификациите. Како клуб беа подобри од австрискиот KV Schwaz, словенечкиот KK Impol, од италијанските клубови AKSV Sarnthein и ASV Tirol Mutspitz и од францускиот A.S.H.P. Colmar. Во најдобрите 4 екипи кои ќе играат во полуфинале, успееа да се пласираат унгарскиот Rakoshegyi VSE, хрватските ZKK Istra и KK Zagreb и австрискиот KSV Wien.Поединечно, најдобра кугларка беше Стефанија Алексовска со срушени 594 дрва што воедно е и нејзин личен рекорд, но и четврт најдобар резултат од сите учеснички на турнирот, од вкупно 109 кугларки кои имаа официјален настап.-Врвната форма на нашата најдобра македонска кугларка (19 години) беше верификувана и на меѓународно ниво. Свој успешен настап имаа и Андреа Вељаноска со срушени 527 дрва, Даниела Ѓуровска со 519, Михаела Ристевска со 511, Ивана Трајчевска со 500 и Емилија Переска со 479 дрва, додава Михајловски. Она што радува е што од управата на кугларскиот клуб „Пелистер Пин“ од Битола не се задоволни од постигнатите резултати иако се работи за прв ваков настап и тврдат дека кугларките потклекнаа на атмосферата која го носи едно вакво големо натпреварување и благодарение на неискуството со значителна трема и напнатост го започнаа својот настап и во решавачки мигови не се изборија за подобри резултати кои реално можеа да ги имаат.

More from ВестиMore posts in Вести »