Press "Enter" to skip to content

Александар Костоски капитен на КК Пелистер: Ветуваме голема борба против Работнички

Кошаркарите на Пелистер од Битола, денес го играат првиот домашен натпревар во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“, што за нив е прв голем предизвик во новата сезона во Првата лига. “Пелистерци“ во првиот натпревар имаат и дерби натпревар во рамките на 2. коли, а  ќе го пречекаат засилениот тим на Работнички.

Еден од многуте новајлии во редовите на битолскиот тим, Александар Костоски, кој е капитен на тимот, на брифинг со новинарите го најави дуелот против својот поранешен клуб, при што рече:-Не се променија многу работи во Битола. Проектот ќе продолжи каде што застана минатата сезона. За нас тоа ќе биде поголема мотивација, да го одведеме овој проект, кој што е проектиран во наредните три години, на уште едно ниво погоре. Тука со нас е и Марјан Илиевски, остана во тимот на нова функција, а секако продолжуваме со новиот тренер Радолувиќ во зацртаните планови и амбиции. Што се однесува до денешниот натпревар ќе кажам прво дека Работнички е една од најдобрите екипи во првенството. Ќе пробаме да ги анулираме грешките од првиот натпревар и со голема желба за победа и енергија ќе истрчаме на терен. Посакувам што поголем број на публика на трибините, бидејќи ветуваме дека ќе го дадеме максимумот за поволен резутлат.

More from ВестиMore posts in Вести »