Press "Enter" to skip to content

Втор Отворен ден на УКЛО Битола (фотогалерија)

-Под мотото УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ – СОРАБОТКАТА НА ДЕЛО одржан е Вториот Отворен ден на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, уште еден успешен пример за партиципативен пристап и активно партнерство.

На Економскиот факултет во Прилеп, студенти, професори, градионачалниците на Прилеп и Битола,  Борче Јовчески и Тони Коњановски, претставници од јавни институции, бизнис секторот и граѓански организации учествуваа во заедничкиот  настан и со меѓусебното поврзување ја изразија подготвеноста да придонесат за развој на локалните заедници.  Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски и д-р Борче Јовчески потпишаа Меморандум за соработка со што го зацврстија партнерството и се заложија за „подобрување на претприемништвото, образованието, науката и истражувањето и создавање можности за развој на човечкиот потенцијал за градење на локалната заедница“. Во конференцискиот дел „Заедно до успех Универзитетска летна пракса – добивка за сите“, покрај ректорот Неделковски за успешната реализација на заедничкиот проект говореше и градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски ги презентираше резултатите од  Универзитетската летна пракса. Аудиториумот имаше можност да чуе лично мислење за ефикасноста од реализираната пракса од практикантка од Педагошкиот факултет-Битола, Стефани Циуновска.Директорката на Комфи Ангел од Прилеп, Ирена Јакимоска и директорот за човечки ресурси на СН Финансии од Битола, Бујар Драла сe осврнаа кон можностите кои академијата и бизнисот треба да им ги нудат на младите луѓе за креирање општество на една нова, европска Македонија во која ќе ги остваруваат своите потенцијали.На темата „Работно место од иднината – стартапи, претприемништво, самовработување, работа од далечина“ анализи изнесоа проф. д-р Рената Петревска Нечкоска од Центарот за претприемништво и креативност, од Економски факултет од Прилеп, Дања Димовска – Микаровска од ЦОСВ-Прилеп и д-р Маријана Милевска од  ПРЕДА Плус Фондацијата. Тие се фокусираа кон неопходната интерсекторската соработка, како еден од начините за задржување на младите дома.Во рамки на настанот, проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска ги претстави двата нови проекти: УКЛО Неформално учење  и Талентите на УКЛО. За активното учество во работилниците од Неформалното учење, на академски кадри им беа врачени благодарници, признание за нивната вклученост за подобрување на знаењето, вештините и компетенциите на студентите.Признание им беше доделено и на неколку таленти на УКЛО, благодарение на проектот, Идентификација и следење на талентираните и надарените студенти. Истакнато е дека за првпат и прв во регионот, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола започна со организиран процес на препознавање, идентификација, работа и следење на развојот со надарени и талентирани студенти, по иницијатива на професорот Љупчо Кеверески од Педагошкиот факултет – Битола, кој нагласи дека: “Надарените и талентираните отсекогаш биле инспирација за светот и затоа е важно  колку надарени и талентирани има една земја, но уште  поважно  е колку остануваат во неа”.Важна компонента на настанот беше и Изложбениот дел -Ден на кариера.   Промовирани се 12 –те единици на УКЛО, со што е овозможено на непосреден начин УКЛО уште еднаш да се претстави во својата вистинска светлост: со хетерогена образовна понуда, можностите за мобилност, проекти, лаборатории, програми и центри на УКЛО. Истовремено, 10 компании од Пелагонискиот регион ја претставија понудата од  околу 350 отворени работни места за вработување во компании во регионот.Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски оцени дека настанот е вистинска слика на регионалниот карактер на Универзитетот и најави слични активности и во другите градови во кои УКЛО има свои единици.  Вмрежувањето на учесниците е заокружено со DJ забава.Инаку, богатиот настан  е реализиран со обединување на капацитетите и ресурсите на УКЛО и Кредо центарот, ПРЕДА Плус Фондацијата, јавни институции, Општина Прилеп, бизнис заедницата, Регионалната стопанска комора и граѓанскиот сектор, со поддршка на проектниот партнер COSV-подружница Прилеп од проектот ЕНТЕГ, во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка.

More from ВестиMore posts in Вести »