Press "Enter" to skip to content

Свечено отворен новиот Македонски Културен Центар во Епинг – Мелбурн, Австралија (фото)

На 1 октомври 2023 година, Македонската православна заедница за Мелбурн и Викторија (МПЦМВ), одржа свечено отворање на новиот Македонски  Културен Центар во Епинг. Со вкупна внатрешна површина од 781 квадратен метар, надополнета со 136 квадрати надворешна покриена површина и капацитетот на салата со 220 седишта во иднина ќе биде достапен за изнајмување од заедницата. Модерно здание со две големи функционални простории и сите потребни придружни елементи. Вечерта на отворањето беа присутни претставници од владата: федералниот министеро за имиграција и мултикултура Ендру Џајлс, министерката на Викторија за енергија и природа Лили Амбросио, пратеничката Бронвин Хафпени, и опозициониот пратеник Еван Мулхоланд. Во исполнетата сала забележавме претставници од: Македонската заедница од НЈВ, Западна Австралија, Јужна Австралија, Светскиот Македонски Конгрес, МПЦ “Св Петка” од Рокдаел, МПЦ “Св Јован Кристел” од Џилонг, “Sv. Kiril I Metodij” od Sidnej, “Sv. Dimitrija Solunski” od Bolongong и од пензионерските друштва.Претседателот на МПЦМВ господин Џон Бранов одржа пригоден говор за свеченотo  отворање и ја истакна намената на новиот МКЦ, што ќе биде посветена на културните вредности и социјалната одржливост на македонската заедница. МКЦ ќе создаде важни социјални бенефиции а ќе ја зголеми целокупната благосостојба на македонската заедница и ќе обезбеди можности за разни општествени иницијативи и активности.Убаво е да се присетиме дека присутната пратеничка Бронвин Хафпени, која го претставува подрачјето на Томастаун, овозможи од владата на Викторија да се добие финансиска поткрепа од $375,000, за изградбата на овој Македонски културен центар napomna gospodin Xon Branov. Освен големото залагање на пратеничката Хафпени тука беше и повеќегодишната неуморна работа на целокупната управа на чело со починатиот претседател Мирчо Ангеловски, кои професионално  го изведоа процесот на вистински пат.Потоа следеше малку забава и настап на играорците на КУД “Чекор”. За сите оние што не можеа да присуствуваат на оваа прослава што беше целосно распродадена, добро е да се потсети дека в сабота, на 7 октомври, ќе се организира  отворен ден за донации со барбекју и активности за деца. Честитка за  Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, која успешно продолжува да работи за иднината на заедницата. Објектот го пуштија во употреба: Лили Амбросио, Бронвин Хафпени и Џон Бранов Молитва и осветување пред вечерата беше извршена од парохискиот свештеник Климент Станковски, архимандритот Гаврил (Галев) и ставрофор Ефтим Бетински.Во новиот Македонски  Културен Центар во Епинг планирана е голема библиотека со читална и музејска поставка.

Фото: приватна архива и SBS Macedonian

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »