Press "Enter" to skip to content

Пораз на Топ Гол во Битола од Ас Јунајтед (фотогалерија)

Топ Гол – АС Јунајтед 2:4

Во рамките на 6. коло од ПМФЛ жени, во натпревар кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, екипата на Топ гол загуби од екипата на АС Јунајтед.Стружанки со конечен резултат од 4:2 ја совлада битолска екипа, во натпревар кој можеше да има друг резултатски тек, доколку фудбалерките на Топ Гол го отвореа резултот во своја корист во првиот дел на првото полувреме.Головите за Топ гол ги постигнаа Милевска и Стевановска.-Им честитаме на гостинската екипа за победата. Добивме исклучување на почетокот на вториот дел и игравме со играч помалку до крајот. Ќе мора да се фокусираме на исправка на грешките и подобрување на реализацијата, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.Во следното 7. коло Топ гол им гостува на Шкендија во Тетово во борба за избегнување на долниот дел од табелата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »