Панел дискусијата за “Граѓанство и интеграциски потешкотии со кои се соочуваат мигрантите“ означи фаза на дисеминација на проектот “Соработка и интеграција на младите“ , финансирани од програмата Еразмус+, која се одржа во септември во четири партнерски земји: Шпанија, Италија, Северна Македонија и Данска.Во Северна Македонија настанот се одржи на 16 септември со почеток во 11часот во “Клуб Јагода“ и домаќин беше “СФЕРА Интернешнал“.
Панел дискусијата имаше за цел целосно да ги презентира конечните резултати од проектот до образовните институции, младински работници и млади од Битола и околината. Исто така ќе има промоција на следните различните култури традиционална албанска храна, традиционални ромски танци и поетско читање.
За времетраењето од скоро година и пол, во склоп на проектот беа направени следните активности:Истражување интервјуа за потребите на младите имигранти во интеграцијата и активно граѓанство, “он-лајн“ обуки за европски вредности и младежки политики, средба во Европскиот парламент, две средби за активно граѓанство во училишта, Меѓународен настан за споделување на резултатите од истражувањето во Палермо Италија.
Целта на проектот е стимулирање и развивање на активно граѓанство за младите мигранти кои живеат во следните партнерските земји: Северна Македонија, Италија, Шпанија и Данска.

“СФЕРА Интернешнал“ организира панел дискусија “Соработка и интеграција на младите“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди
- Битола памети: пред 36 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)