Панел дискусијата за “Граѓанство и интеграциски потешкотии со кои се соочуваат мигрантите“ означи фаза на дисеминација на проектот “Соработка и интеграција на младите“ , финансирани од програмата Еразмус+, која се одржа во септември во четири партнерски земји: Шпанија, Италија, Северна Македонија и Данска.
Во Северна Македонија настанот се одржи на 16 септември со почеток во 11часот во “Клуб Јагода“ и домаќин беше “СФЕРА Интернешнал“.
Панел дискусијата имаше за цел целосно да ги презентира конечните резултати од проектот до образовните институции, младински работници и млади од Битола и околината. Исто така ќе има промоција на следните различните култури традиционална албанска храна, традиционални ромски танци и поетско читање.
За времетраењето од скоро година и пол, во склоп на проектот беа направени следните активности:Истражување интервјуа за потребите на младите имигранти во интеграцијата и активно граѓанство, “он-лајн“ обуки за европски вредности и младежки политики, средба во Европскиот парламент, две средби за активно граѓанство во училишта, Меѓународен настан за споделување на резултатите од истражувањето во Палермо Италија.
Целта на проектот е стимулирање и развивање на активно граѓанство за младите мигранти кои живеат во следните партнерските земји: Северна Македонија, Италија, Шпанија и Данска.

“СФЕРА Интернешнал“ организира панел дискусија “Соработка и интеграција на младите“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар на Битола во стрелаштво со воздушна пушка за ученици , најдобрите се пласираа за државно
- Ален Рустемов освои европско сребро, поразен во финалето од Аветијан од Русија
- Во Библиотеката промоција на необјавени дела од Васил Иљовски
- Битолски театар својот роденден ќе го слави со 11. Битола Шекспир театар
- “Слики под планината“ светлина што го исповедува човекот, изложба на Сергеј Андреевски во Софија





