Press "Enter" to skip to content

Факултетски библиотеки на трет научен собир во НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа трет стручен собир на Факултетски библиотеки на тема Автоматизација библиотечните процеси како процес за подигање на студирањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Собирот со воведни излагања го отворија директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски и м-р Јелена Петровска библиотекар и програмски раководител, а потоа темата беше разработена со две презентации.

На собирот се поттикнаа темите за статусот на факултетските библиотеки на УКЛО, можноста за стекнување со стручни звања и напредок во професионалната кариера. Дадени се предлози за стратегија за развој на факултетските библиотеки како и предлог за следниот стручен собир.

More from ВестиMore posts in Вести »