Полициските службеници од криминалистичката полиција во Битола до Основното јавно обвинителство Битола имаат поднесено пет кривични пријави за “предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од Кривичен законик, за палење стрништа и тоа против лица од селата Кукуречани, Кажани, Лопатица, Лознани и Трново, битолско. ОВР Крушево има поднесено две кривични пријави против лица од Свето Митрани и Борино, крушевско, а ОВР Прилеп има поднесено кривична пријава против лице од Прилеп.
На 10.10.2023 во битолско село, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 66 селото од селото затоа што со остар предмет ја нападнал неговата 45-годишна снаа за син. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 09.10.2023 во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Новаци-Добрушево, во с.Дедебалци, општина Могила, малолетник од с. Дедебалци, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 09.10.2023 во 20.19 часот во СВР Битола било пријавено дека на крак од патот Битола – Државна граница со Република Грција кај место викано „Трафостаница“, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 45 годишник од с.Могила удрил во пешакот на возраст од 61 година од с.Мојно, општина Могила. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 09.10.2023 на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола лишиле од слобода 34 годишна жена од Битола затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 09.10.2023 во СВР Битола, 27 годишна жена од село Лавци, битолско, пријавила дека нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од соседот. Се преемаат мерки за расчистување на настанот.
На 09.10.2023 во СВР Битола, Ф.К. (28) од с. Свето Митрани, крушевско, пријавил дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола бил каснат од куче скитник.






