Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ со нови бодови против Пролет и со победа ќе заминат за Париз

Пролет – Еурофарм Пелистер 22:26 (11:14)

Спортска сала „Македонско сонце“ – Скопје, гледачи: 200
Судии: Глигор и Спаско Ќаеви

Пролет: Михаљевиќ, Петковски, Николовски 1, Тотиќ, Пецаковски 1, Василевски 4, Кочаров, Додевски 3, Димов 1, Андоновски 3, Мајнов, Димковски 4, Стојановски, Палевски 4, Арсеновски 1.

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Цехте 2, Кузманоски 2, Тајник 5, Кисум 2, Танкоски 2, Радивојевиќ 4, Костески, Нилсон, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски, Пешевски 2, Сери 2, Пав. Атанасијевиќ 1.

Еурофарм Пелистер синоќа ја победи екипата на Пролет и по “карантинот“ во Скопје денес ќе отпатува за Франција, каде утре во рамките на 4. коло од Лигата на Шампиони, ќе му биде гостин на моќниот тим на Пари Сен Жермен.

Натпреварот започна израмнето, а домашниот тим само во првите минути имаше рамноправна игра, а потоа “пелистерци“ презедоа сè во свои раце и заслужено запишаа нова победа во домашниот шампионат. 

На полувреме се замина со предност на пелистерци од три гола (11:14). Пролет беше на -3 до 55. минута, пред се заради одличните одбрани на домашниот голман. Последните минути Еурофарм Пелистер ја покажа доминацијата, за нова победа. 

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Тајник со пет и Радивојевиќ со четири гола.

More from ВестиMore posts in Вести »