Конференциите за младинско претприемништво означи завршна фаза на проектот “Млади претприемачи во време на криза“, финансирани од програмата Еразмус+, a се одржаа во септември во шестте партнерски земји: Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Полска и Романија.
Во Северна Македонија настанот се одржа на 27 септември во Europe House со почеток од 11 часот на кој домаќин беше “СФЕРА Интернешнал“.
Претстојната конференција за младинско претприемништво имаше за цел целосно да ги презентира конечните резултати од проектот до образовните институции, претставници на бизнисот, млади претприемачи, младински работници и млади луѓе заинтересирани за претприемништво. И последно, но не и по малку важно, настанот обезбеди можност за вмрежување меѓу заинтересираните страни.
Панелисти на конференцијата беа Илче Беделовски од “IT Crowd“ и Мартин Ангеловски од “Улаф Сте“.
За времетраењето од скоро година и пол, стотици млади луѓе помеѓу 18 и 30 години учествуваа во планираните активности со цел да се стимулира претприемачкиот дух и развојот на иновативни идеи по кризата предизвикана од Covid-19. Целите на проектот вклучуваа развој на капацитетите на младинските работници и младинските организации, промоција на успешни претприемачки практики и креирање на неформални образовни ресурси за претприемачтво и младински активизам.
Конференцијата исто така ги презентираше ресурсите од YETC проектот, односно Акциониот план за промоција на претприемачки вештини и учење, база на податоци и видео збирка од 54 најдобри практики на млади претприемачи, Инспиративен водич со најдобри практики, Онлајн платформа со 30 неформални алатки и Онлајн курс за – претприемништво .

Завршна конференција, млади претриемачи за време на криза, домаќин “СФЕРА Интернешнал“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Двојката“ влезе во завршница со +4, загуби со еден гол разлика во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер поразен во првото вечно дерби во Скопје
- Нова убедлива победа на младинците на Еурофарм Пелистер 2 (фотогалерија)
- Пораз на Пелистер од Битола од МЗТ на гостувањето во Скопје
- Народната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачитеНародната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачите





