Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведен 25 годишен крадец во Битола, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (12.10.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 25 годишно лице од Битола.

Тој се сомничи дека во куќа во Битола извршил „тешка кражба“, при што одзел повеќе предмети, а извршил и оштетување на дел од покуќнината.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »