Press "Enter" to skip to content

Mакедонски песни на “Интерфест“ во Битола во изведба на јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу (видео+фотогалерија)

Жанета Ристевска

Синоќа во Центарот за култура во Битола, во рамките на Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ концерт одржа пријателот на македонската песна, јапонскиот оперски првенец, Казухиро Котецу.Казухиро Котецу одлично ги пее македонски традиционални песни, а настапи заедно со Камерниот оркестар на Битола.

На настанот свое обраќање имаше уметничката директорка на Фестивалот Милица Шперовиќ-Рибарски.Меѓу присутните беа јапонскиот амбасадор Оцука Казуја, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот Тони Коњановски, директорката на Центарот за култура Маја Андоновска – Илијевски, спонзори на фестивалот, гости…Казухиро Котецу со своите изведби во живо ја освои битолската публика која го награди со бурни аплаузи, а неговиот глас одекна во преполната сала во Центарот за култура.

Казухиро Котецу ги изведуваше „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“, „Ако одам во Битола“…Оцука Казуја настапи во придружба на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect, под диригентска палка на Владимир Димовски.Вечерва се свечено се затвора годинешното 32. по ред издание на “Интерфест“ со настап на Гернот Винишховер – виолина, Австрија, Денис Јаврорскиј-пијано, Украина.

Фотографии: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »