Press "Enter" to skip to content

На ФИКТ Битола одржана Конференција за Применети Интернет и информатички технологии (фото)

Во просториите на ФИКТ се одржа 13. меѓународна конференција за Применети Интернет и информатички технологии, International conference on Applied Internet and Information Technologies AIIT 2023,  во коорганизација со Техничкиот факултет ,,Михајло Пупин“ од Зрењанин од Универзитетот во Нови Сад, Србија.На учесниците, научни работници, професори, докторанти, студенти од Северна Македонија, Република Србија, БиХ и Косово и гости од бизнис секторот, од името на УКЛО им се обрати проректорката за студентски работи проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска.Таа истакна дека е задоволство да се види воспоставената врска помеѓу Универзитетот, индустријата и општеството, и нагласи дека овие конференции значат размена на истражувања, на искуства, практики, примена на истражувањата и дебати во однос на различни прашања, и благодарение на таа соработка сe зголемуваaт можностите за интернационализација на Универзитетот.Интересот за учество на Конференција што по трет пат се одржува на ФИКТ, беше голем.  Над 50 трудови се прифатени, рецензирани и подготвени за презентирање во осум сесии, од кои две како постер сесии, потврди деканот на ФИКТ проф. д-р Благој Ристевски.Професорката Костандина Вељановска, продекан за наука и соработка на ФИКТ, истакна дека научните работници во трудовите ги обработуваат најновите трендови во Интернет и информатичките технологии и сите стручни дела од Конференцијата ќе бидат објавени во посебен Зборник.Во рамки на Конеференцијата, проф. д-р Елеонора Брдка, од Техничкиот факултет ,,Михајло Пупин“ во Зрењанин од Универзитетот во Нови Сад, Србија, посочи дека покрај важноста на научниот собир кој се одвива во духот на новиот дигитален свет во којшто технолошките науки претставуваат исклучително важен ресурс, неизоставен е и фактот дека Конференцијата е резултат на успешната соработка на двата факултета која датира далеку пред 2016 г. кога започна заедничкото организирање на меѓународниот научен собир.Инаку, Конференцијата обезбедува форум за дискусија и размена на искуства помеѓу владини претставници, државни агенции, универзитети, истражувачи, институции, истражувачи и практичари од индустријата, а целта е да се олесни имплементацијата на Интернетот и информатичките технологии во сите области на човековите активности.

More from ВестиMore posts in Вести »