Денес, петок, 13 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Температурата во Битола до 26 степени.
Утре, сабота, 14 октомври, во Битола, времето ќе биде уУтрото свежо, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 26 степени.