Синоќа во Битола, во свечената сала на “Офицерски дом во Битола со одличен концерт беше затворено 32. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.Чест да го затворат 32. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ имаа австрискиот виолинист Гернот Винишхофер и украинскиот пијанист Денис Јаворскиј, кој на публиката и подарија одличен концерт.
Инаку, во изминатите денови дена во Битола 32. по ред издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ се одржа на сцените во НУ Центар за култура, НУ Народен театар и Офицерски дом, каде пред многу публика, настапија врвни уметници кои во Битола дојдоа од осум земји.
Годинашниот “Интерфест“ беше збогатен и со ликовната изложба, поетската вечер, и трибина во организација на МНД Битола.
Инаку, на свеченото отворање на “Интерфест“ беше изведена операта “Рита“ на Гаетано Доницени, во изведба на Националната установа “Опера и балет“, под диригентство на Иван Еминовиќ.
Одличен настап во преполната сала на Центарот за култура во Битола одржа пријателот на македонската песна, јапонскиот оперски првенец, Казухиро Котецу.

Свечено затворено, годинашното, 32. издание на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“