ЈП “Комуналец“ Битола продолжува со активностите на терен со цел разубавување на градот, а покрај дневно-тековните активности екипи на ова битолско претпријатие беа ангажирани и на други активности.
Екипи работеа на новиот парк кај “Довлеџик“ каде засадуваа зимзелени садници, за разубавување на ова ново уредено место.
Екипи на “Комуналец“ денес работеа и на чистење на дворот на месната заедница “Тодор Ангелевски“.
Се расчистуваше коровот и се уредуваше дворот, а по денешното чистење овој дел во близина на основното училиште “Тодор Ангелевски“ доби нов лик.

ЈП Комуналец“ со активности на терен, засадување на садници и чистење (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола
- Мултисензорната изложба “Допир на уметноста 2025“ во Музеј Битола (фотогалерија)
- Нема “карти“ за вечното ракометно карти Еуеофарм Пелистер – Вардар во Битола, веднаш распродадени
- Деновиве пред 10 години: пропадна камион на Широк Сокак во Битола
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 13 степени





