Денес, недела, 15 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, понеделник, 16 октомври, во Битола времето ќе биде претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде пониска за околу десет степени во однос на претходните денови. Температурата во Битола до 15 степени.