-Пред 10 години, во октомври 2013 година, на патеката кај Братиндол, над Битола се одржа мото-трка која, се сеќавам беше одлично организирана од тогашниот мото клуб ЛТД од Битола, за прв парт, од шампионат на Македонија во мото крос, а за која имаше огромен интерес и на која се постигнаа одлични резултати, со 7.000 публика, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. -Патеката беше комплетно подготвена за стартот на трката, а за прв пат тогаш имаше мали корекции по сугестија на возачите, а сето тоа по неколку години откако не се имаше одржано трка на ова патека, поради многу оштетувања. На неа учествуваа мото-кросисти од Македонија и околните земји, мотокросистите од ЛТД беа со најповеќе медали и беше во најдобар во екипна конкуренција, вели Миновски.
Скоковите на патеката, стартната рамнина, влезовите од регионалниот пат до патеката, местата за гледачите, а посебна атракција беа скоковите, во што уживаа гледачите. Од ЛТД шампионската титула ја освоија Борче Костов и Никола Гулевски, во МХ3 и МХ2 конкуренција.
Во таа сезона Борче Костов и Никола Гулевски беа по трет пат по ред прваци и заслужено ја добија престижната награда “Златна кацига“, која според тогашните коментари беше освоена заслужено.
Тогаш на патеката по подолго време се појави и возачот на Пелистер, Христијан Илиевски – Кико, кој ги освои симпатиите на гледачите, посебно по атрактивните скокови и агресивното возење, со мотоцикл кој го набави само пред неколку дена.

Деновиве пред 10 години: мото трка “Братиндол 2013“, “златни кациги“ за Борче Костов и Никола Гулевски од ЛТД (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: одземено возило “опел корса“ на Булеварот, со “пежо“ излетале од патот поврден сопатник, пронајдена стара граната
- Отворена “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во Битола и одбележани 122 години од неговата смрт (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: средношколиците на протестен марш во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси