Press "Enter" to skip to content

2. традиционалниот турнир во забрзан шах “ШАХ-ШЕХ Вавилон опен“ во Битола (видео + фотогалерија)

-На традиционалниот турнир во Битола, во забрзан шах, беше промовирна шаховската химна, подарок за сите шахисти и љубители на шахот.Денес во ресторанот “Вавилон“ во Битола се одржа 2. по ред традиционалниот турнир во забрзан шах “ШАХ-ШЕХ Вавилон опен“ во организација на шаховскиот клуб од Битола Шах – Шех, а на турнирот учествуваат шахисти од клубови во Македонија, но и шахисти од другите балкански држави. Вкупно имаше 177 учесници од 7 до 89 години, од Македонија, Србија, Република Српска, Грција, Црна Гора, Косово и Бугарија.Претседателот на шаховскиот клуб од Битола Шах – Шех, Зоран Попчевски, на отворањето на тунирот рече:-Многу ми е мило, а секако и на сите кои сме вклучени во организацијата што вака се огранизира овој турнир. На почетокот на турнирот сакам посебно да ги поздравам шахистите од другите држави, кои се учесници на тунирот во Битола, на кои им посакувам срдечно добредојде. Според она што сега го гледам ќе одржиме одличен турнир, секако освен резултатите кои се значајни за секој шахист, одлично ќе се забавуваме и сите заедно ќе придонесеме за развој на шахот. Шаховскиот турнир за отворен го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:-Драги шахисти, почитувани племените спортисти. Голема чест и задоволство е денес да се биде меѓу вас, е му благодарам на поканата на организаторите за овој традиционален турнир. Тука имаме над 180 шахисти, по што е најмасовен шаховски турнир во оваа година. Се надевам дека ова традиција ќе продолжи и во иднина. Ние како Општина Битола ќе се потрудиме и понатаму континуирано да поддржуваме оваа племенита и ира и да ја имплементираме уште повеќе во училиштата, со што децата ќе ги “заразиме“ со шахот, игра која остри умот кај најмладите и кај повозрасните. Сакам да нагласам дека ми е посебна чест што сме тука заедно со спорските шаховски легенди кои оставиле траен белег и во бившата држава, а и сега се активни во играњето и промовирањето на овој спорт.Организаторот додели и посебни признанија на помагателите на турнирот: Општина Битола, ресторан “Вавилон“ – Битола, КЈП “Нискоградба“ – Битола, “Премиум пиво“ – Битола, “Макотехна“ – Битола, “Лајт Елком“ – Битола, “СН Финансии“ – Битола.На турнирот беше промовирана и новата шаховски химна која ја напиша претседателот на клубот Шах Шех, Зоран Попчевски, а за прв пат во живо ја исполни бенд специјално формиран за оваа пригода. Ја испеа Стевче Мегленски, а во бендот се Виктор и Зоран на соло гитари, Миле на бас гитара и Славчо на тапани.Како и што стои во насловот на турнирот, тој е од отворен карактер и право на учество имаше секој шахист.

Турнирот е рејтингуван и се игра според правилата на ФИДЕ во девет кола со темпо на играње од 10 минути со додаток од 5 секунди за секој потег. 

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »