Press "Enter" to skip to content

“Comfort Zone“ – една година постоење (фотогалерија + видео)

Пронајдете ја својата комфорна зона, секој има своја, но излезете од својата и пронајдете ја овде, во нашиот салон “COMFORT ZONE“, е слоган  на салонот за релаксација и убавина“COMFORT ZONE“ кој денес, 15 октомври, слави една година постоење.По тој повод, Елеонора Ивановиќ, дипломиран физиотерапевт и сопственичка на салонот изјави:-Пред точно една година го започнав својот мал бизнис заедно со мојот сопруг. Пред една година бев пред многу предизвици како ќе биде. Преблагодарна сум што ме одбраа и сеуште одбираат клиентите за моите услуги како физиотерапевт и го поддржуваат мојот мал бизнис.  Во “COMFORT ZONE“ нудиме : естетски, медицински, релакс и ароматерапија масажи. Третмани за слабеење со кавитација, липоласер, криолиполоза, шестполарен ласер, радиофрекфенции. Мадеро терапија-антицелулитни третмани.

Новина во овој салон  Златен Третман за лице кој вклучува масло и серум од 24к злато. Секој може да си направи пакет од неколку третмани, за кои нудиме поволни  цени.Во нашиот салон за релаксација и убавина Comfort Zone, се трудам секогаш клиентите да се на прво место. Затоа  првиот роденден им беше посветен нив. Двонеделен попуст на моите услуги – масажи, мадеротерапија на тело и лице со вклучениот новитет Златен Третман кој вклучува масло и серум од 24к злато, како и пакети за тело составен од третмани за обликување на телото и антицелулитни третмани.Пресреќна сум и преблагодарна, како и до сега ,така и од сега ќе се стремам да го задржам како и подобрам квалитетот на мојата работа за моите клиенти.Салонот се наоѓа на ул. “Димитар Илиевски Мурато“, бр 10, зграда “Обител“, локал 1, работно време секој работен ден од 10 до 18 часот.