Доколку сè уште се прашувате зошто ендокринолошкиот преглед е важен дел од грижата за сопственото здравје, д-р Џулиана Михајловска – специјалист ендокринолог, ги открива причините и ја објаснува важноста од само грижата.
ШТО ПРЕТСТАВУВААТ ПРОЛАКТИНОМИТЕ?
Пролактиномите се најчести бенигни промени на хипофизата (аденоми), со потекло од лактотропните клетки, кои го лачат хормонот пролактин во поголеми количини. Големината на пролактиномите варира, од микроаденоми (до 1 сm) до големи аденоми (над 1 cm) кои може да се протегаат надвор од хипофизата и да се шират кон околните структури.
КАКО СЕ МАНИФЕСТИРА ЗГОЛЕМЕНОТО ЛАЧЕЊЕ НА ПРОЛАКТИНОТ?
Зголеменото лачење на пролактинот се манифестира со појава на млечен исцедок од дојките (галактореа), пореметен или отсутен менструален циклус кај жените, а намалено либидо и импотенција кај мажите. Кај двата пола може да се јави неплодност.
ШТО ДОКОЛКУ СЕ ПОЈАВАТ СИМПТОМИТЕ?
Доколку се појави некој од симптомите или знаците на зголемено лачење на пролактинот, потребно е да се направи лабораториско одредување на пролактинот преку венска крв, магнетна резонанца на хипофизата и евентуално одредување на видното поле.
КАКОВ Е ТРЕТМАНОТ НА ПРОЛАКТИНОМИТЕ?
Третманот на пролатиномите може да биде медикаментозен (со употреба на допамински агонисти кои ја намалуваат вредноста на пролактинот и големината на аденомот) или хируршки. Целите во третманот на пролактином се: да се врати нивото на пролактин во нормални граници, да се намалат димензиите на пролактиномот и да се врати нормалната функција на хипофизата.
Закажете го вашиот ендокринолошки преглед и дознајте повеќе од нашиот стручен медицински тим на Жан Митрев Дијагностик“ Битола
+389 70 408 075
+389 47 266 633
+389 47 266 631