Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: уапсени тројца крадци – украденото вратено, со “меган“ излетал од патот кај Оптичари, викендов санкционирани 178 возачи

На 15.10.2023 на патот помеѓу селата Могила и Вашарејца, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишиле од слобода три лица на возраст од 23, 18 и 22 години, сите од Битола. Тие се сомничат дека со употреба на сила и подесен алат влегле во објект на правно лице и одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.10.2023 во 12.19 часот во СВР Битола било пријавено дека кај село Оптичари, битолско, на патот Битола-граница со Република Грција, патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 67 годишник од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата, сопатничката на возраст од 84 години од Битола се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (14/15.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 178 возачи, меѓу кои 93 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 13 возачи за управување под дејство на алкохол, 6 санкции за непрописно престигнување. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење.

More from ВестиMore posts in Вести »