В среда во Битола кошакрите на Пелистер Таскфорс ги очекува дерби натпревар против МЗТ, а тренерот на Дарко Радуловиќ на располагање ќе го има и најновото засилување.
Пелистер Таскфорс се уште го комплетира тимот за оваа сезона, а најново засилување е репрезентативецот Андреј Магдевски кој потпиша едногодишен договор и денес доаѓа на да стави потпис на договорот во Битола.
Андреј Магдевски иако сезоната е започната немаше клуб, а во Битола доаѓа од холандскиот Донар, каде не доби продолжување на соработката иако беше меѓу најдобрите кошаркари на оваа екипа минатата сезона. Магдевски настапувал за МЗТ Скопје, Партизан, Аксарквија, Плоешти, Гостивар и Фени Индустри.
Магдевски ќе има само две дена за прилагодување во Битола, а веројатно ќе дебирира во дербито против МЗТ Скопје, в среда попладне во „Боро Чурлевски“ во Битола.