Press "Enter" to skip to content

Во Студентскиот информативен центар на УКЛО – Битола  се одржа “Катедра Аденауер 2023“ (фотогалерија)

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенсод Брисел, Академијата за Европски интеграции – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска на УКЛО ја организираа овогодишната „Катедра Аденауер 2023“.Темата на годинашната трибина беше “Повторно за Балканот – Помеѓу трансатлантскиот сојуз и надворешните влијанија во поглед на руската агресија во Украина“. Присутните на денешниот настан ги поздрави ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски кој рече дека безбедносните и политичките прашања севисоко на агендата на УКЛО. На настанот присуствуваа и проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска и претседателот на Сенатот, проф. д-р Николче Јанкуловски. -Претставници од академската заедница, експерти и студенти ги споделуваа своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на регионот на Западен Балкан и безбедносните и надворешни предизвици, особено во поглед на руската воена агресија во Украина. Денешната тема е безбедноста во регионот, но и безбедноста како глобаленпрезивик, рече во изјавата за медиумите Даниел Браун, директор на Фондацијата Конрад Аденауер.-Она што нас не интересира се импликациите од руската агресиаја во Украина врз Западен Балкан и како целокупната ситуација на Балканот да се менаџира денес и во иднина, со цел да се извече максимална корист за замјите од Западен Балкан, подвлече проф. д-р Горан Илиќ, проректор за наука на УКЛО.Идејата за денешниот настан беше да се дискутира за немилите настани во Косово, но од минатата недела веќе сме сведоци на нов интензивен конфликт во Израел, а вчера имавме и терористички напад во Брисел, рече Катерина Јакимовска, претставник од Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел. Модераторот на овогодишната „Катедра Аденауер 2023“ Васко Наумовски од Академијата за Европски интеграции – Скопје, посочи дека со денешната дискусија треба да се сврти вниманието на меѓународната и на дипломатската заеднциа за потребата од натамошно проширување во време кога стабилноста во Европа е сериозно загрозена од овеќе страни. Стручни излагања имаа неколку академски кадри од УКЛО: д-р Горан Илиќ, д-р Елена Темелковска – Аневска, д-р Елена Тиловска Кечеџи, сите професори на Правниот факултет – Кичево и Кирил Миноски, поранешен Министер за финансии.

More from ВестиMore posts in Вести »