Press "Enter" to skip to content

Реконтрукции на улици во Долно Оризари

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на КЈП Нискоградба, Зоран Талевски, извршија увид во почетокот на работата во Горно Оризари, каде ќе биде извршена реконструкција на 16 краци на улици во вкупна должина од над 2 километри.

Работните активности започнаа со реконструкција на мешовитата канализациона мрежа во должина од 1766 метри, во вкупна вредност од 18.717.158 денари, каде изведувач е КЈП Нискоградба, а јавното претпријатие Водовод, ќе изврши реконструкција на водоводните приклучоци, во износ од 1.706.663 денари.

По завршувањето на работните активности на јавните претпријатија, ќе следува реконструкција на коловозот во должина од 2028 метри.

 

More from ВестиMore posts in Вести »