Press "Enter" to skip to content

Денес кошаркарско дерби во Битола, Пелистер Таскфорс – МЗТ Скопје

По минатонеделниот натпревар во рамките на првиот балон на АБА2 лига, двете македонски кошаркарски екипи дел од балканското натпреварување, Пелистер Таскфорс и МЗТ Скопје Аеродром, вечерва во Битола, во домашното првенство, ќе играат дерби натпревар.Тренерот на “пелистерци“, Дарко Радуловиќ, на располагање ќе ги има и двете нови засилувања, македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски и интернационалецот Стефан Мијовиќ кои го одработија последниот тренинг пред натпреварот.

Радуловиќ за денешниот натпревар рече:-Сега пред натпреварот против МЗТ сме склопени во една посериозна работна средина, се  вратија некои повредени кошаркари и сите сме фит. Секако тука се и двајцата нови кошаркари и очекувам дека ќе бидеме поагресивни на надворешните позиции, и секако со помош на домашната публика да дојдеме до победа. Нормално, ние на секој натпревар ќе играме за победа. МЗТ е шампион, а тоа мора да се респектира, меѓутоа ние ќе пробаме секој противник, посебно на домашен терен да го победиме. Се надевам на добра игра и успех вечерва.Лука Стојановски постигна 22 поени на натпреварот во Суботица, а за денешниот втор натпревар за една седмица, вели:-Научивме многу на АБА натпреварот, имавме грешки, а сега ни е шанса да ги поправиме. Секако ќе играме за победа, бидејќи мораме да имаме повеќе добиени натпревари на домашен терен. Ова може да биде одличен старт, да победиме силен противник во Битола и да ја започнеме серијата победи. Очекувам вечер да има полна сала, да имаме иста енергија како со натпеварот против Рабитнички, што мене лично многу ми се допадна. Ќе има навивање и поддршка за нашиот клуб.

Натпреварот Пелистер Таскфорс започнува во 18,30 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »