Press "Enter" to skip to content

Ненад Костески: Загреб ги има и Дибиров и Чупиќ, секога година игра ЛШ, ние да бидеме на 100% и да се израдуваме на првите бодови

Еурофарм Пелистер од Битола денес патува за Загреб, Хрватска, каде ќе го игра натпреварот од 4. коло од Лигата на шампиони, против екипата на хрватскиот шампион Загреб.

На задолжителната прес-конференција зборуваше десното крило на “пелистерци“ Ненад Костески, при што рече дека ќе мора да се одигра меч без грешка, ако се сака да се дојде до првенецот, иако сите се свесни дека нема тоа да биде лесно.

-Видливо е дека формата оди во нагорна линија, одиграме два одлични натпревари по ред. Ни следи Загреб, противник со кој мора да играме максимално, затоа што беа перфектни на последните два домашни натпревари. Ги анализираме, нема да биде лесно, мора да бидеме на 100% и дај Боже да се израдуваме на првите бодови. Ја имаме нашата прекрасна публика која секогаш е со нас и е наш осми играч. Нè радува што еден дел од нив ќе дојдат и ќе нè бодрат во Загреб. Ќе се обидеме да ги наградиме со победа и гледачите пред малите екрани и присутните во салата, вели Костески. 

Костески една сезона играше во Загреб и има пријатни спомени од поранешниот првак на Европа, за што рече:

-Бев дел од Загреб, имам убави спомени и тоа ми беше голем чекор напред во кариерата. Доста млад потпишав за голем клуб кој секоја година игра во Лигата на шампионите. Тие се организиран клуб, од кој може да се научи и да се напредува. Од таму носам само убави спомени“, смета стружанецот. Сите ракометари на Загреб се екстра, но Дибиров, Чупиќ и Моралес даваат голем придонес. Тие се голема опасност по нашиот гол. Се спремаме и ги анализиране нивните последни натпревари и се надевам дека со победа ќе се вратиме од Загреб.

Битолчани во Загреб, во четврток, ќе ги следи група од своите навивачи „Чкембари“, кои очекуваат први бодови во елитата.

More from ВестиMore posts in Вести »