Press "Enter" to skip to content

Нова ординација на д-р Лидија Стефановска, специјалист ортодонт (фото)

По повод отворањето на новата ординација на д-р Лидија Стефановска, специјалист ортодонт, и поставивме неколку прашања.

Како и кога донесовте одлука за нова ординација?

-Понекогаш се случуваат ненадејни пресвртници во животот, но, некои промени се планираат долгорочно и внимателно. Таква беше и мојата одлука за Ординација под сопствен покрив, внимателен и долготраен проект. Всушност сакав да си исполнам уште една желба, да дизајнирам сопствен работен простор по мој терк, да ставам свој печат, да биде она што сум јас. Ординација без стеги и лимити во однос на простор и опрема, а сепак по стандарди, направено со многу љубов, во сопствен стил.Зошто избравте ваков амбиент?

-Инспирирана и фасцинирана од природата, по сопствена интерпретација и замисла решив да внесам дел од неа по мој автентичен дизајн. Природата е најдобриот уметник од кој што секојдневно учиме.Исто така внесов и дел од моите скромни почетнички обиди за сликарство. Велат, сликите ако ги создавате за себе се уметност а ако ги креирате за други тоа е бизнис. Моите се креирани за моја душа, со моја рака. А Кандински ќе рече- Бојата е моќ што директно влијае на душата.Колку години сте во професијата?

-Работен век од само 37 години, кој продолжува и понатаму. Сеуште, како на почетокот, со ентузијазам. Си ја сакам професијата и никогаш не би ја заменила со друга. Се создадоа, низ текот на годините,  многу задоволни пациенти, искрени пријателства, многу предизвици, тешкотии,  прекрасни насмевки, напорни мигови, среќни лица, работа во пандемија…

Како ќе изгледа Вашиот  професионален ангажман понатака?

-Продолжувам со истиот начин на работа. Практично, извршена е само релокација на “ПЗУ Специјалистичка Ординација по Ортодонција  Др Лидија Стефановска” на ново седиште на ул. “Илинденска“ 42 во Битола. Имено, пациентите до 18 години ќе доаѓаат со упат на “Мој Термин“ и ќе добиваат мобилни ортодонтски апарати на товар на ФЗОМ. На истите, повторно, ќе ги извршувам редовните контроли како и до сега. Морам да истакнам дека многу пациенти со кои имам добра соработка завршуваат со одлични резултати со мобилен ортодонтски третман.Што со фиксните Ортодонтски Третмани?

-Најчесто поставуваното прашање е колку ќе трае третманот? А мојот наједноставен  одговор е: “Додека не се наместат забите”, што значи, нема временски лимит. “Времето е најдолгото растојание помеѓу две места” – Т. Вилијамс. Исто така, нема ограничување по возраст за овој вид на терапија, опфатени се многу возрасни групи во истиот. Најважна е соработката со пациентот, одржувањето на беспрекорно добрата хигиена како би немало консеквенци, начинот на исхрана и редовните контроли.

Што би им препорачале на вашите сегашни и идни пациенти?

-Пред се, да ги чуваат и негуваат своите заби. Да вршат редовни контроли кај своите матични стоматолози и задолжителни систематски прегледи. Децата кај кои што почнува смената на забите задолжително да посетат Ортодонт како би пресретнале повеќе Ортодонтски аномалии на самиот почеток. Погрешен е ставот дека треба да причекаат да се сменат сите млечни заби па да се превземаат активности. Многу мои пациенти благодарение на мобилните протези избегнале компликувани и тешки Ортодонтски третмани во подоцнежната возраст. Затоа, нека повелат на преглед и мислење.